Свет
Кипар: Продолжува потрага по исчезнати по несреќата
31.08.2026 14:19
Капетанот и седум членови на екипажот се приведени.

Турција и властите на Северен Кипар продолжуваат со потрагата по 18 исчезнати лица, по превртувањето на ферибот со речиси 270 патници во близина на северниот брег на Кипар, при што загинаа најмалку осум лица, а 241 беа спасени. Капетанот и седум членови на екипажот се приведени.
„Напорите за пронаоѓање на исчезнатите лица продолжуваат непречено. Внимателно го следиме овој процес, во кој ги мобилизиравме сите ресурси на нашата држава“, нагласи Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
Причината за несреќата засега не е позната. Фериботот патувал од Киренија кон турското пристаниште Тасуџу и почнал да се полни со вода набргу по испловувањето.
