Свет

Непал: Спасувачки напори додека црниот биланс расте

31.08.2026 12:39

Во спасувањето помагаат екипи од Индија, Кина и Јужна Кореја.

Непал ги засилува спасувачките операции за стотици луѓе за кои се стравува дека се заробени во тунели на хидроенергетски проекти по ненадејните поплави. Во спасувањето помагаат екипи од Индија, Кина и Јужна Кореја.

„Нашиот непосреден национален приоритет останува јасен: да спасиме животи, да ги лоцираме исчезнатите лица и да им обезбедиме итна помош на преживеаните“, изјави Амрит Бахадур Раи, министер за надворешни работи на Непал.

„Најголемата тешкотија, се секундарните катастрофи, ризикот од нови одрони и нестабилниот терен, како и тешкиот пристап до тунелите. Во моментов тешката опрема не може да стигне до погодените места, па спасувачите мора да се движат пеш“, рече Ли Јингпинг, кинески експерт за тунели.

Над 3.000 луѓе и натаму се водат за исчезнати. Во меѓувреме, во Непал и Тибет продолжува санирањето на штетите од поплавите.