Македонија
Штип повторно добива вода за пиење по стабилизирањето на сировата вода од „Злетовица“
31.08.2026 10:58
ЈП „Исар“ го продолжи водоснабдувањето откако се стабилизира приемот на сировата вода, чија преработка претходно беше прекината поради екстремно зголемена матност по невремето во Пробиштипско.

По стабилизирањето на состојбата со сировата вода од хидросистемот „Злетовица“, жителите на Штип повторно добиваат вода за пиење.
Од ЈП „Исар“ информираат дека приемот на сировата вода од „Злетовица“ е стабилизиран, по што се создадени услови за продолжување на водоснабдувањето. претходно, ЈП „Исар“ информираше дека преработката на сировата вода била прекината поради екстремно зголемена матност, предизвикана од елементарната непогода во пробиштипскиот регион.
