Судскиот буџетски совет ќе го разгледува предлог-буџетот на судската власт за 2027 година
Судскиот буџетски совет денеска ќе ја одржи 275-та седница, на која на дневен ред е Предлог-буџетот на судската власт за 2027 година ...

Судскиот буџетски совет денеска ќе ја одржи 275-та седница, на која на дневен ред е Предлог-буџетот на судската власт за 2027 година, како и предлог-одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за август 2026 година.
Советот ќе го разгледува Предлог-буџетот за раздел 29010 – Судска власт за 2027 година. На дневен ред е и барањето на Основниот суд во Гостивар за обезбедување дополнителни средства, како и информација во врска со доставените барања од судовите за средства за исплата на бонус-плата по основ на оценување на судските службеници.
Ќе биде разгледано и известувањето и барањето за мислење по предмет од Основниот суд во Куманово.
