Култура

Хозе Карерас и македонските музички ѕвезди утре во Скопје на голем спектакл по повод 35 години независност

31.08.2026 20:52

Големиот музички настан ќе се одржи на 1 септември на Градскиот плоштад во Скопје, а влезот ќе биде слободен за сите граѓани.

Светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас утре ќе настапи на Плоштад Македонија во Скопје, заедно со Македонската филхармонија и дел од најпознатите македонски музички и оперски имиња. Концертот е дел од одбележувањето на 35 години независност и ќе биде бесплатен за сите граѓани.

На сцената, покрај Карерас, ќе настапат Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Маја Оџаклиевска, Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски.

Домашните музичари ќе настапат обединети во македонскиот музички „дрим тим“, придружувани од Македонската филхармонија.

МРТ ќе врши директен пренос од концертот со почеток од 20 часот.