Навоне го елиминираше Ѓоковиќ по 4 часа и 40 минути
Големо изненадување на Отвореното првенство на САД. Аргентинецот Маријано Навоне го совлада Новак Ѓоковиќ со 3:2 во сетови и го елиминираше петтиот носител уште во првото коло. Мечот траеше дури 4 часа и 40 минути, а Ѓоковиќ во текот на дуелот имал здравствени проблеми.
Аргентинскиот тенисер Маријано Навоне приреди големо изненадување на Отвореното првенство на САД, откако во првото коло го совлада Новак Ѓоковиќ со 3:2.
Навоне славеше во маратонски меч кој траеше 4 часа и 40 минути, со резултат по сетови 7:6 (7:5), 5:7, 4:6, 6:2 и 6:1.
Ѓоковиќ, кој е петти на светската ранг-листа и 24-кратен Гренд слем шампион, имаше сериозни проблеми во текот на мечот. Во првиот сет побара медицински тајм-аут, а лекарите му дадоа лек. Повторно побара медицинска помош пред почетокот на петтиот сет, а во текот на натпреварот и повраќаше.
Србинот реализираше четири од 12 брејк-топки, сервираше 10 аса и направи 10 двојни грешки. Навоне имаше девет аса, осум двојни грешки и искористи шест од 17 брејк-топки.
Ова беше најдолгиот меч во кариерата на Ѓоковиќ во првото коло на еден Гренд слем турнир.
