Македонија дел од Европската програма за конкурентност вредна 2,3 милијарди евра
Целта е да се поттикне конкурентност на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии...
Македонија учествува во Eвропската програма за конкурентност на мали и средни претпријатија (КОСМЕ) чиј буџет е 2,3 милијарди евра. Целта е да се поттикне конкурентност на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии. Македонскиот министер за економија, Беким Незири, во просториите на Европската комисија, заедно со Eврокомесарот за индустрија и претприемништво, Нели Ферочи, го потпишаа договорот за учествo вo нашата земја во оваа програма на Европската унија за периодот од 2014 до 2020 година.
Структурата за реализација на активностите на КОСМЕ-програмата се состои од четири компоненти. Најпрво, македонските банки, кои министерот за економија ги повика да учествуваат во оваа програма, треба да аплицираат со цел да се поддржат компании од нивно создавање, пркеу развој и експанзија, за што 60 проценти од средствата на банката ги обезбедува ЕУ со оваа програма. Потоа, се обезбедува пристап до нови пазари, со помош за ширење на бизнисот на единствениот пазар на Унијата и намалување и усогласување на националните регулативи.
Како трета компонента на КОСМЕ се подобрувањето на рамковните услови, со цел да се поттикне креирањето политики засновани на податоци на земјите-членки, регионите и други земји. Последна компонента од оваа програма на Европската унија е промовирање на претприемништвото со цел промовирање на истото и социјална економија, а со градење на знаење, вештини и претприемничка култур, промовирање на подобри услови за корпоративна општествена одговорност.
