Временска прогноза

Продолжува периодот на топло време со високи температури

31.08.2026 19:21

Во целата држава неделава ќе преовладува сончево и топло време со максимални температури до 38°C, но со секојдневни услови за локална нестабилност во попладневните часови.

Во целата држава неделава ќе преовладува сончево и топло време со максимални температури до 38°C, но со секојдневни услови за локална нестабилност во попладневните часови. Според УХМР, нестабилноста со поројни врнежи и грмежи ќе биде најизразена во среда и четврток.

Неделава во Скопје не очекува претежно сончево, топло и спарно време со дневни температури кои ќе се движат главно од 32°C до 37°C. Сепак, во попладневните часови ќе има развој на нестабилност.

Во петок и за време на викендот времето целосно ќе се стабилизира. Врнежите ќе престанат и ќе преовладува сончево време со попријатни температури во границите помеѓу 29°C и 33°C.