РКЕ

Пониски цени на горивата од полноќ – дизелот поевтин за 6,5 денари

31.08.2026 12:50

Од полноќ бензините ќе поскапат за еден денар, а значително поевтинување ќе има кај дизелот и екстра лесното масло.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.

Од 1 септември од 00:01 часот, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96 денари. Цените на двата бензина се зголемуваат за еден денар.

Значително поевтин ќе биде дизелот, чија цена се намалува за 6,50 денари, па еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 95 денари.

Екстра лесното масло поевтинува за 3,50 денари и ќе чини 97 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по 44,410 денари за килограм.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.