Дополнителни субвенции за добиток
Сточарите кои ќе го зголемат стадото, или ќе го задржат подмладокот до 31-ви октомври годинава имаат право на дополнителна субвенција. Овие средства според календарот ќе се исплаќаат во април 2015-тата.

Сточарите кои веќе имаат барање за субвенции за овци и кози ќе имаат параво на дополнителни средства доколку до 31 октомври ги задржат женските јагниња и јариња.
Освен 1.000 денари за евидентираните животни, за повеќе од 30 овци ќе се добиваат плус 700 денари, за задржано женско јагне од 6 до 18 месеци.
Истата финансиска помош ќе ја имаат и козарските фарми со стадо повеќе од 10 кози.
Почетокот на исплата на средствата за сточарите ќе биде од април 2015 година.
Годинава за прв пат се воведуваат крајните рокови за исплата на секоја мерка од Програмата за субенционирање.
Методија Трајков
