Каматите на кредитите речиси непроменети во јули, просечната стапка 4,68%
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули пораснала минимално на месечно ниво, додека во однос на истиот месец лани е пониска за 0,23 процентни поени, покажуваат податоците на Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули 2026 година изнесува 4,68%, што е раст од 0,01 процентен поен во однос на јуни. На годишно ниво, стапката е намалена за 0,23 процентни поени.
Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка изнесува 4,44%, што претставува месечен раст од 0,06 процентни поени.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити во јули достигнала 2,18%, со месечен раст од 0,01 процентен поен. Кај новопримените депозити, пак, стапката се намалила за 0,12 процентни поени и изнесува 2,42%.
Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити останала непроменета на 5,02%, додека кај новоодобрените кредити се зголемила на 4,73%.
Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,11%, а кај новопримените депозити е 2,65%, што е месечно намалување од 0,09 процентни поени.
Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити се зголемила за 0,03 процентни поени и изнесува 4,34%, додека стапката на новоодобрените кредити е намалена на 4,21%.
