Основен суд Куманово

Продолжи судењето против серискиот убиец од Старо Нагоричане

31.08.2026 18:11

Во кумановскиот Основен суд продолжи судењето против серискиот убиец од Старо Нагоричане. Тој е осомничен за четири убиства на повозрасни жени и две убиства во обид. На денешното рочиште се сослушаа две од жртвите, кои раскажаа за нападите. Одбраната побара да се слушнат и вештите лица кои го направиле психијатриското вештачење, па врз основа на тоа да се одлучува за извршувањето на казната односно психијатриското лекување.

Во кумановскиот Основен суд продолжи судењето против 25 годишникот од Старо Нагоричане, осомничен за четири кривична дела убиства, како и два обиди. Тој се товари дека извршувал ниски побуди, со цел да ги задоволни половите нагони, врз возрасни, немоќни жени. На рочиштето се сослушаа две од жртвите, возрасни жени над 80 години. Раскажаа за нападите но и како успеале да се спасат. Новиот бранител на осомничениот доделен по службена должност, побара а судот одобри на следната расправа да се сослушаат вештите лица. Тој појасни дека по проученото психијатриско вештачење потврдени се психопатски карактеристики, сексуална патологија, немање елементи на емпатија и каење и постои висок ризик да се направи кривично дело. По исказите рече судот би требало да донесе одлука како ќе се извршува казната затвор, односно дали лицето ќе добие психијатриско лекување. Очекува да биде осуден. Според обвинителот Лапе, пак осомничениот бил пресметлив додека ги извршувал нападите.

„Вештачењето е јасно и концизно. Се работи за пресметлив сторител. Бранителот се повика на одредба од член 63 од кривичниот законик која се однесува во ситуации кога осомничениот или обвинителниот е во битно намалена пресметливост или е целосно непресметлив. Тука беше и процесниот приговор што го истакнав, инаку во вештачењето не остава простор за сомнеж дека се работи за целосно пресметливо лице“, истакна јавниот обвинител Љубомор Лапе.

„Имајќи го предвид психолошкиот профил на обвинетиот укажува на тоа дека постои висок ризик од повторување на кривичните дела, кои му се ставаат на товар, согласно обвинителниот акт, да може да се спречи и елеменитира таа опасност, но согласно одредбите на Кривичниот законик единствен инструмент за елиминирање на таа опасност е со изрекување на мерки за безбедност во смисла на 63 од Кривичниот законик“, нагласи бранителот на осомничениот, Тони Цветковски.

Во текот на истрагата беа извршени три ексхумации, и ист толкав број психијатриски вештачења. Според истрагата дел од убиствата се извршени на почетокот годинава, две лани. Исто како и обидите. Лицето на првото рочиште не призна вина. Последниот евидентиран настан е на 9 ти февруари годинава кога нападнатата жена поради надворешен звук, успеала да се спаси.

На лицето му се заканува казна од најмалку 10 години до доживотен затвор.

Паралелно се води и предмет против лекарите кои кај дел од жртвите не констатирале насилна смрт. Лицето се товари и за кривично дело тешка кражба.

Елена Георгиевска