ДКСК со препораки за Законот за финансирање на партии
Антикорупциска даде препораки во однос на Законот за финансирање на политичките партии заради тоа, како што велат, да се избегнат коруптивни регулаторни ризици. ДКСК разгледува и предмети од својот делокруг на работа, а формираше и прекршочна комисија од три члена која ќе одлучува по предмети од оваа сфера.

Државната комисија за борба со корупцијата на седница донесе препораки за Законот за финансирање на политичките партии кои би спречиле, како што рекоа, идни регулаторни корупциски закани во уредување на оваа материја.
Ова, според нив, најмногу се однесувало на процентот на распределба на средства на партии кои добиваат пари од државниот буџет, како и во однос на донациите кои им се даваат на партиите од правни и физички лица.
Членовите на комисијата постапуваа по предмети кои се пред сè за проверката на имотната состојба на функционерите, за поединечни жалби од вработени во државни и јавни институции, како и во поглед на легализација бесправно изградени објекти.
ДКСК формираше и прекршочна комисија од три члена од нејзиниот состав кој ќе ги решава предметите од оваа сфера.
Игор Панов
