Училиштата се подготвени да ги отворат вратите за почетокот на новата учебна година
Училишното ѕвонче утре ќе означи почеток на новата учебна година за околу 238.000 ученици. Во прво одделение за првпат ќе седнат 14.952 првачиња. Од Министерството за образование уверуваат дека училиштата се подготвени, учебниците се доставени, а во 620 училишта наставата ќе се одвива во една смена. Во меѓувреме, ќе се затворат 26 рурални училишта, а бројот на паралелки е намален за 433.

Училишното ѕвонче утре ќе го означи стартот на новата учебна година за 238.000 ученици. Во училишните клупи за првпат ќе седнат 14.952 првачиња. Училиштата се подготвени да ги отворат вратите за почетокот на новата учебна година, уверува министерката за образование Јаневска. Сите учебници се доставени и уште утре може да бидат поделени. Целосно нови ќе има за прво, второ, трето и осмо одделение и за втора година гимназија. Во 620 училишта ќе има едносменска настава.
Ќе се затворат 26 рурални училишта. Оваа година ќе има 433 паралелки помалку.
За децата со посебни потреби обезбедени се образовни асистенти, 1.358 за основните и 166 за средните училишта. Јаневска најави и зголемување на платата на просветните работници во март за 7,5 до 10 проценти, зависно од инфлацијата.
Министерката Јаневска уверува дека нема да има отпуштање на наставниот кадар, а оние наставници кои немаат доволен фонд на часови ќе бидат во дневен престој.
Ана Јосифоска
