Нова учебна година

01.09.2026 15:46

Првачињата денес го слушнаа првото училишно ѕвонче - а пред образованието можеби е најтешката задача- да ги подготви за свет што ни ние сè уште не знаеме како ќе изгледа.

Денеска нема да се занимаваме со возрасните и дали училиштата се подготвени за почетокот на учебната година. Денеска во фокусот ќе ни бидат најмалите а тие се најголема вест во денот. Најмалите кои имаат само шест години, а носат ранци кои се речиси колку нив.

Овој ранец ќе остане на нивните плеќи најмалку до 2039 година, кога ќе го завршат и задолжителното средно.

Македонското образование ќе треба да ги подготви за свет на вештачка интелигенција, температури кои ќе растат по диктат на климатските промени и вируси и бактерии кои допрва ќе ги истражуваме.

Иако мали, плановите за што ќе бидат кога ќе пораснат ги бираат од палетата на новото време.

Системот има задача да помогне во изградбата на умни и вредни луѓе, кои засега знаат само колку трае одморот, но не и за должината на часот.

За да помогнат во креирањето на нови и одговорни личности, ќе треба помош и од родителите. Во динамичен и свет кој се менува побрзо и од мислата, не смеат да заборават да бидат и добри луѓе.

Ова е првата најголема животна авантура за најмалите. Во училиштето ќе ја научат првата буква, ќе го слушнат првото ѕвонче, првата пофалба, првото вистинско другарство.

 

Александра Спировска