Македонија

Ново партиско препукување за дата-центрите

31.08.2026 18:51

СДСМ обвинува за договори зад затворени врати, додека ВМРО-ДПМНЕ тврди дека опозицијата шири хистерија и не прави разлика меѓу приватни и државен национален дата-центар.

Далеку од очите на граѓаните се договараат бизниси за дата-центрите и стратешките ресурси на Македонија обвинуваат и денеска социјалдемократите. Од Бихаќка бараат одговори од Владата, кои се компаниите со кои преговара премиерот и колку тоа ќе ги чини граѓаните. За нив е неосновано тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека изградбата на дата-центрите се дел од реформската агенда.

Владејачката партија возврати дека опозицијата шири хистерија и не ја знае разликата помеѓу приватни дата-центри и државен национален дата-центар. Според ВМРО-ДПМНЕ државата има обврска во реформската агенда или патот до ЕУ за изградба на национален дата центар, додавајќи дека веќе во Македонија има дата центар кој е секундарен.

Од партијата посочуваат дека сајбер-безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава.

Викторија Милевска