Во „Идризово“ ново рочиште за кочанската трагедија
Во „Идризово“, ново рочиште за кочанската трагедија. На последното судење, вештаци одговараа на прашањата на одбраната. несоодветните материјали од кои бил изграден објектот придонеле пожарот во „Пулс“ да се прошири за брзо време, рече професорот Марковски...

Во големата судница во „Идризово“, ново рочиште за кочанската трагедија. На последното судење, вештаци одговараа на прашањата на одбраната. несоодветните материјали од кои бил изграден објектот придонеле пожарот во „Пулс“ да се прошири за брзо време, рече професорот Марковски.
Тој и тимот вештаци кои работеле на градежното и урбанистичко вештачење, констатираа дека реалниот сопственик на објектот не може да се апстрахира од одговорност, бидејќи правел градежни зафати, поставил столбови и ја зацврстил платформата, а за тоа не побарал дозвола.
Семејствата на жртвите сметаат дека одбраната намерно го пролонгира судењето, поставувајќи прашања кои се ирелевантни или претходно одговорени.
