Продолжува судењето на Ристов, одбраната повторно го оспори начинот на обработка на доказите
Продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари. На последното рочиште, вештаци од МВР посочија дека нема контаминација во ДНК-трагите на Ристов, пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350 илјади евра...

Продолжува судскиот процес и за поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов, кој се гони за прикривање имот и перење пари. На последното рочиште, вештаци од МВР рекоа дека нема контаминација во трагите на ДНК на обвинетиот Ристов, пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350 илјади евра и соѕидани во куќа на неговите родители во Неготино.
Одбраната на Ристов повтори дека алуминиумските фолии не се чувани и обработени, согласно процедурите. Се изведуваа и комуникации на обвинети лица во други предмети со кои обвинителството сакаше да покаже дека, иако нема докази дека обвинетиот Ристов примал мито, имал таква намера.
Особено беше интересен снимениот разговор преку Пи-мерки на Александар Велјановски од Неготино со Ристов, кој го прашува дали земал мито.
