Стартуваше „градскиот воз“, на релацијата Зелениково-Железничка станица-Скопје
Сообраќајот на линијата ќе се реализира со три возови, според точно утврден ред на возење, а возниот ред е усогласен со распоредот на ЈСП-Скопје...

Од изутринава стартуваше „градскиот воз“, на релацијата Зелениково-Железничка станица-Скопје. Ќе сообраќа осум пати дневно, во двата правца, а според најавите, патувањето ќе трае околу 25 минути. Железници инфраструктура изврши целосна реконструкција на пругата, за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.
Сообраќајот на линијата ќе се реализира со три возови, според точно утврден ред на возење, а возниот ред е усогласен со распоредот на ЈСП-Скопје.
Билетот во еден правец чини 40, а во двата правца, 70 денари. Втората делница од проектот е од Миладиновци, Илинден, Маџари, до главната централна железничка станица, а третата е од централната железничка станица преку Скопје-Север, Ѓорче Петров до Волково.
