Трамп се закани со одмазда, Иран бара договор
Вашингтон најави продолжување на економскиот притисок врз Техеран за враќање на преговарачка маса додека Иран порача дека договор е можен само ако САД ги исполнат своите обврски.

Трамп најави одмазда за иранските напади врз американски бази во Јордан, оценувајќи го Иран како „пропадната држава“.
„Тие се пропадната нација. Нивните лидери во голема мера се мртви. Тоа не значи дека нема да ги удриме“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Вашингтон најави продолжување на економскиот притисок врз Техеран за враќање на преговарачка маса додека Иран порача дека договор е можен само ако САД ги исполнат своите обврски.
„Целта е да се создадат услови во кои Иран ќе сака да дојде на преговарачка маса. Иран мора да се откаже од нуклеарната програма и да ја прекине поддршката за своите посредници“, изјави Скот Бесант – министер за финансии на САД.
„Америка мора да се врати на своите обврски и на договорот што го потпиша. Само тогаш сè може да се стави на вистинскиот пат“, изјави Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран.
Во истовреме иранскиот претседател порача дека земјата не бара војна, но дека ќе одговори на секоја агресија.
„Ние не бараме војна, но никогаш нема да останеме пасивни пред агресијата и ќе дадеме решителен одговор“, изјави Масуд Пезешкијан – претседател на Иран.
