ЦУК: 2 активни, 4 под контрола, 20 изгаснати пожари
Во изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор. 2 сè уште се активни, 4 се под контрола, а 20 се изгаснати...

Во изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор. 2 сè уште се активни, 4 се под контрола, а 20 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи. Во општина Сарај, кај селата Копаница и Радуша сè уште гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во општина Штип, меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица.
Според надлежните, најголем дел од пожарите се ненамерно предизвикани, но има и случаи за намерно предизвикување на огнените стихии. Од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат на поголема внимателност. Поради топлото време, забраната за движење во шумите е продолжена до 30-ти септември.
