Нова учебна година - нови правила, нови предизвици
01.09.2026 10:20
Училишното ѕвонче ќе го означи стартот на новата учебна година за 238 илјади ученици. За првпат во училишните клупи ќе седнат скоро 15 илјади првачиња, за три илјади помалку од лани. Сите учебници се доставени и веднаш може да бидат поделени.
Во 620 училишта ќе има едносменска настава. Ќе се затворат 26 рурални училишта. Годинава ќе има 433 паралелки помалку. Јаневска тврди дека нема да има отпуштање на наставниот кадар, а оние наставници кои немаат доволен фонд на часови ќе бидат во дневен престој.
Гостин во Добро утро Македонијо, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
