Кос: Кандидатките ќе добијат повеќе бенефиции пред членството во ЕУ
Земјите кандидатки за членство во ЕУ би можеле да добијат повеќе бенефиции и можности за интеграција уште пред да станат полноправни членки. Еврокомесарката за проширување Марта Кос најави дека новиот документ на Европската комисија ќе предвиди проширување на областите за постепена интеграција.

Со новиот документ за проширување ќе има поголема интеграција на земјите кандидатки пред членството, потврди еврокомесарката за проширување Марта Кос на панел за евроинтеграцијата на Бледскиот стратешки форум. Истакна дека ЕУ планира да ги прошири областите каде кандидатките можат да се приклучат.
„Во документот што ќе го подготвиме на крајот од септември како тема на дискусија на советот во октомври, ќе има четири области. Една од нив ќе биде како повеќе да се користи постепената интеграција на кандидатките. Постепена интеграција значи земјите кандидатки да добијат некои бенефиции пред членството. Сега морате да исполните 100 процентно преговори за да станеме членка. Постојат СЕПА и Роаминг каде кандидатките можеа веќе да ни се приклучат, но можностите се далеку поголеми. На пример заедничкиот пазар би можел да биде исто дел од оваа постепена интеграција. Потоа може да има нови безбедносни структури и друго каде и земјите-членки имаат корист“, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос.
