МВР
Претрес во скопско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
01.09.2026 19:46
Вчера во 00:05 часот во с. Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(34) од с. Инџиково...

Вчера во 00:05 часот во с. Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(34) од с. Инџиково, информираат од МВР.
При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
