Македонија

ФЗО во август исплати над 623 милиони денари за боледувања и породилни отсуства

01.09.2026 20:17

Од Фондот велат дека исплатите се реализирани со засилена обработка на предметите и почитување на хронолошкиот редослед, со приоритет на постарите барања.

Фондот за здравствено осигурување во август исплатил 623,15 милиони денари за надоместоци по основ на привремена спреченост за работа, од кои 414,05 милиони денари се за породилни отсуства.

Од Фондот велат дека исплатите се реализирани со засилена обработка на предметите и почитување на хронолошкиот редослед, со приоритет на постарите барања.

Според ФЗО, посебен приоритет бил даден на породилните надоместоци, без да се наруши редовното подмирување на останатите финансиски обврски кон осигурениците и здравствениот систем.

Од Фондот најавуваат дека ваквата динамика ќе продолжи и во наредниот период, со фокус на редовни исплати, пократко време на обработка на барањата и поголема сигурност за осигурениците.