Анализа

Над 88.500 невработени во земјата, а над 60 проценти од работодавачите бараат работници

01.09.2026 18:27

За една година поднесени биле 10.143 барања за работни дозволи за странци. Додека повеќе од 60% од работодавачите во земјава изјавиле дека имаат потреба од нови вработувања во Агенцијата за вработување во јуни регистриран е месечен пораст на бројот на невработени.

За една година поднесени биле 10.143 барања за работни дозволи за странци. Додека повеќе од 60% од работодавачите во земјава изјавиле дека имаат потреба од нови вработувања во Агенцијата за вработување во јуни регистриран е месечен пораст на бројот на невработени. На пазарот на труд, според официјалните податоци, бројот на слободни работни места надмина 10.000.

Според податоците на Агенцијата за вработување, во јуни како активни баратели на работа биле евидентирани 88.541 лице, што е за 2.425 повеќе во однос на мај. Дополнително, регистрирани се 41.281 пасивни баратели на работа.

Во седмиот месец од годинава, како активни баратели на работа биле евидентирани 88.541 луѓе што е за 2.425 повеќе во однос на мај. Во исто време регистрирани сè уште 41.281 невработени со статус пасивни баратели на работа.

Од вкупниот број на невработени – активни баратели на работа, според пресметката на „Порталб“ врз основа на официјалните податоци, најголем број се етнички Албанци со удел од 40,3%, етнички Македонци 38,0% , a трети по бројност, 11,3%  на невработени се Ромите, по што следуваат Турците со удел од 7,4%. Останатите етнички заедници или оние кои не се изјасниле според етнички клуч, учествуваа со помалку од 1,8% во вкупниот број на невработени.

Според образованието, повеќе од половина од невработените или 51.390 што претставува 58.0% се без образование или со основно образование а 22.195 или 25% од вкупниот број на активни баратели на работа се лицата со средно образование. 

Најмногу вработувања се очекуваат во преработувачката индустрија – 5.328, потоа во трговијата со 2.342, градежништвото со 1.437 и секторот за сместување и услуги со храна со 958 нови вработувања.

Според анкетното истражување на работодавачите спроведено од АВРМ, годинава во приватниот сектор ќе има 14.498 нови вработувања во различни индустрии и со различен степен на образование. Според работодавачите, најголем дел од вработувањата се очекуваат во преработувачката индустрија, кој високо котира според дефицит на работна сила.

Додека од една страна евиденцијата регистрира повеќе од 88.500 невработени кои активно бараат работа, приватниот сектор и натаму алармира дека недостигот на работа сила станува сè поголем проблем.

„Во однос на потребата од работна сила, речиси 62% од анкетираните работодавачи, се изјасниле дека имаат потреба од вработување на нови лица од различни занимања“ – се наведува во Извештајот.

Само лани, според официјалните податоци, обработени се вкупно 10.143 барања за издавање на работни дозволи за странци, од кои 836 барања за издавање на работни дозволи и 9.307 барања од МВР за давање на мислење за искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд.

Бројот на слободни работни места на ниво на државата варира и надмина 10.100 а најмногу слободни места или повеќе од 1.670 има во преработувачката индустрија, следува угостителско-хотелиерскиот сектор со 1.644 слободни места а на трето место со 1.483 е трговијата, додека секторот административни и помошни дејности има потреба од 1.411 вработени. И секторите градежништвото и транспорт се во „потрага“ по вработени, во градежништвото 910 а во транспортот 740 слободни работни места.

Во останатите дејности бројот на слободни работни места е помал од 400. На барање на работодавачите а со намера да се задоволат потребите за работна сила на домашниот пазар на труд, на почетокот од оваа година Владата донесе одлука за зголемување на квотите на 10.000 работни дозволи за странци.