Јамал испиша историја: Најмлад фудбалер со 50 гола во врвна европска лига

01.09.2026 10:51

На 19 години и 49 дена, тој стана најмладиот фудбалер во петте најсилни европски лиги кој стигнал до ова достигнување од сезоната 2014/15.

Јамин Јамал постигна два гола за Барселона во победата над Рајо Ваљекано, а со првиот погодок стигна до јубилејните 50 гола во дресот на каталонскиот клуб.

На 19 години и 49 дена, тој стана најмладиот фудбалер во петте најсилни европски лиги кој стигнал до ова достигнување од сезоната 2014/15.

Јамал настапува за Барселона од јули 2023 година, а актуелниот договор со клубот му важи до јуни 2031 година. Во сезоната 2025/26 постигна 24 гола и забележа 14 асистенции на 45 натпревари.