Буково: Две првачиња, една училишна приказна
Во буково ѕвонче денеска заѕвони само за две првачиња. И не само што се единствени во одделението – Сибора и Халена се и сестри. Пред само две години, во истото училиште имало седумпати повеќе првачиња. Една мала училница во Буково денеска ја раскажува и поголемата приказна за тоа колку деца остануваат во нашите села – но и зошто секое ново прваче е знак дека селото сè уште има иднина …

Почната учебната година и за двете првачиња од подрачното училиште „Коле Канински“ од село Буково. Шестгодишната Сибора и нејзината петгодишна сестра Халена ова лето ќе го паметат по очекувањето да им се исполни големата желба да седнат во училишна клупа.
Семејството Селимовски се жители на ова битолско село и се родители на три деца.
Професорот Цветковски вели дека подрачните училишта во руралните средини имаат многу позитивни страни.
Овде пред две години првото одделение го стартувале дури седум пати поголем број првачиња.
Буково е живо село. Што значи дека има добра иднина.
Градот Битола годинава брои пет првачиња повеќе во однос на лани.
Ви Битола се оптимизираат тринаесет паралелки во осум основни училишта. Во мирување се ставаат три подрачни. Сите наставници остануваат на работните места, уверува градоначалникот.
Ружица Аџикотарева - Ѓоршевска
