Македонија

13-годишно дете во критична состојба по убод во срцето во тепачка во Чаир

01.09.2026 12:05

Инцидентот се случил на улицата „Македонско-косовска бригада“, каде што дошло до пресметка меѓу пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице. Во тепачката биле употребени ножеви и безбол-палки.

13-годишно дете се наоѓа во критична здравствена состојба откако било избодено со нож во пределот на срцето за време на физичка пресметка во скопски Чаир. Министерот за здравство Сашо Клековски ја потврди сериозноста на состојбата, додека полицијата и обвинителството ги утврдуваат околностите и одговорноста за нападот.

Инцидентот се случил на улицата „Македонско-косовска бригада“, каде што дошло до пресметка меѓу пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице. Во тепачката биле употребени ножеви и безбол-палки.

Полицијата продолжува со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на улогата на секој од учесниците. Се подготвува кривична пријава, додека конечната правна квалификација ќе ја утврди надлежното јавно обвинителство.