САД
Жена со ножеви нападна две лица на Тајмс Сквер, полицијата ја застрела
01.09.2026 12:20
Откако неуспешно се обиделе да ја совладаат со електрошокер, полицајците пукале кога таа тргнала со ножевите кон нив.

Жена вооружена со ножеви нападна две лица на Тајмс Сквер во Њујорк, по што била застрелана од полицијата. Полицијата соопшти дека 49-годишната осомничена прво го нападнала мажот, а потоа и 32-годишната жена.
Откако неуспешно се обиделе да ја совладаат со електрошокер, полицајците пукале кога таа тргнала со ножевите кон нив.
Мотивот засега не е познат, а случајот не се третира како терористички напад.
