Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица
Деветнаесетгодишниот Б. И. и еден 13-годишник, двајцата од Скопје, се лишени од слобода поради учество во тепачка што се случила синоќа на подрачјето на Општина Чаир.

Деветнаесетгодишниот Б. И. и еден 13-годишник, двајцата од Скопје, се лишени од слобода поради учество во тепачка што се случила синоќа на подрачјето на Општина Чаир.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, вчера полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13-годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда.
Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, соопштија од МВР.
