„Црно злато“ – нова претстава на МНТ со потписот на Дејан Дуковски и Слободан Унковски
Во центарот на приказната е едно семејство со премолчени конфликти, трауми, љубови и загуби, чии членови се соочуваат со минатото и обидите повторно да го пронајдат сопствениот идентитет.

Пробите за новата претстава „Црно злато“ започнаа денеска во Македонскиот народен театар. Претставата е по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, кој по подолг период повторно се враќа на големата сцена на МНТ.
Во центарот на приказната е едно семејство со премолчени конфликти, трауми, љубови и загуби, чии членови се соочуваат со минатото и обидите повторно да го пронајдат сопствениот идентитет.
Во претставата настапуваат Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.
Креативниот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал, композиторот Златко Ориѓански, асистентката на режисерот Звездана Ангеловска и асистентот на сценографот Мартин Манев. Во претставата учествуваат и музичари и хор.
Премиерата на „Црно злато“ е најавена за декември 2026 година.
