Енергетика

Божиновска: Енергетската иднина ја градат и знаењето и квалификуваните кадри

01.09.2026 14:56

„Нема мала или голема професија. Има професионалност, знаење и посветеност“, им порача Божиновска на учениците.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на првиот училишен ден го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде се сретна со учениците, наставниците и директорот.

Таа порача дека стручното образование е клучно за идниот развој на државата и дека енергетската транзиција не зависи само од инвестициите и новите технологии, туку и од кадри со знаење и практични вештини.

„Нема мала или голема професија. Има професионалност, знаење и посветеност“, им порача Божиновска на учениците.

Во училиштето се образуваат околу 980 ученици во повеќе струки, меѓу кои и електротехничари-енергетичари, профил кој директно се поврзува со потребите на енергетскиот сектор. Министерството најави и продлабочување на соработката со училиштето во делот на практичната настава и создавањето кадри за енергетиката и индустријата.