Демографија
Мицкоски: Демографијата е главниот проблем за намалениот број ученици, СДСМ обвинува за иселување
01.09.2026 16:12
Премиерот Мицкоски смета дека главната причина е падот на наталитетот и девалвирањето на семејните вредности, додека од СДСМ причината ја гледаат во иселувањето поради, како што велат, лошите економски политики. Власта најавува мерки за подобрување на условите за живот и образование на децата.

Најголемиот дел од проблемот со помалиот број на запишани првоодделенци и затворени училишта е демографски, смета македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Информира дека за седум години, родени се околу 8.000 помалку деца од претходно. Ваквиот негативен прираст на населението во Македонија, според него, се должи на систематското девалвирање на вредностите, а особено семејните, во периодот од 2017-та до 2024-та година. Додаде, нема економски раст и развој, без негување на семејните вредности.
Според СДСМ пак, намалената бројка на ученици и училишта е резултат на иселувањето. Лидерот на партијата, Венко Филипче тврди дека граѓаните се иселувале поради лошите економски политики на владата, но и поради тоа што како што вели, намерно измислувале проблеми со соседите, со цел Македонија да не влезе во Европската Унија.
Преземаме сериозни чекори за децата во Македонија да имаат попријатен живот, како нови наставни програми, инфраструктура и технологија, велат од владата. Додаваат, човечкиот капитал е од клучно значење, за личниот живот на луѓето, но и за нивната татковина, а со демографски проблеми со соочува целиот свет.
Марија Котовска
