Мицкоски: Дата-центрите се неизбежни, економијата е стабилна
Премиерот порача дека Владата продолжува со технолошкиот развој, посочувајќи го падот на инфлацијата и намалувањето на невработеноста како позитивни трендови.

Развојот на центрите за податоци е неизбежен процес и Владата ќе продолжи да ја насочува државата кон технолошки и економски развој, и покрај противењето од опозицијата, рече премиерот. Христијан Мицкоски оцени дека Македонија не смее да остане надвор од технолошките процеси што се одвиваат во светот.
Премиерот потсети дека економијата долг период не можела да застане на здрави нозе, оти СДСМ и ДУИ оставиле три пати повисок долг и обврски на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за што признаваат и советниците блиски на екс-министерот за финансии Тевдовски.
Дека економијата се стабилизира говорат и бројките. Во првиот квартал од 2026, инфлацијата се стабилизирала на 3,7%, за сега да падне на 3,4%, за разлика од 2022 година, кога беше 14,7%, имајќи ги предвид сегашните геополитички ризици и случувањата на глобалните пазари.
Македонската економија е стабилна и место за паника нема, рече премиерот. Долгот што сега го плаќа Владата е долг на претходната гарнитура што ја уништија стопанството.
Позитивни трендови се забележуваат и на пазарот на труд, со намалување на невработеноста. Заклучно со јуни во Агенцијата за вработување се евидентирани 88.541 активни баратели на работа, односно 62% од газдите бараат нови луѓе, најмногу во трговијата, градежништвото и преработувачката индустрија.
Борис Грујоски
