Транспорт

ЕК: Решение за проблемот мора да се бара во рамки на постоечките правила на Шенген зоната

01.09.2026 18:16

Европската унија не отстапува од спроведувањето на системот влез-излез што предизвика проблем за превозниците.

Европската унија не отстапува од спроведувањето на системот влез-излез што предизвика проблем за превозниците. И по денешниот состанок на работната група, од Европската комисија велат прагматично решение за проблемот мора да се бара во рамки на постоечките правила на Шенген зоната, односно престој од 90 дена во рамки на 180. Сепак, велат, отворени се за дискусија, но посочуваат, превозниците да побараат долгорочни визи како професионалци.

„Внимателно ја следиме ситуацијата и во контакт сме со партнерите од регионот. Свесни сме дека за голем број професионалци од трети земји кои не се прекугранични работници неопходно е влез-излез од Шенген зоната повеќе од 90 дена во 180 дена вклучувајќи ги и возачите на камиони, но и спортистите, туроператорите и уметниците. Практични решенија треба да се бараат со националните правила и постоечките билатерални договори согласно актуелните правила на шенген зоната. На пример, да се аплицира за долгорочни визи и дозволи за жителство и во ограничени случаи возачите на камиони да се сметаат за прекугранични работници“, велат од Европската комисија.