„17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар
Долгометражниот филм „17“, во режија на Косара Митиќ и продукција на „Црна Мачка Продукција“, е избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.

Филмот „17“ на режисерката Косара Митиќ е избран за македонски кандидат за 99. награди на Американската академија за филмски уметности и науки, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.
Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија. Во годинешниот избор учествуваа два филма – „17“ на Косара Митиќ и „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума.
„17“ светската премиера ја имаше на 76. Берлински филмски фестивал, а досега освои 11 меѓународни награди. Меѓу нив се признанија за најдобар филм, режија и актерски достигнувања, вклучително и награди за Ева Костиќ на фестивалите во Лас Палмас, Полска и Сараево.
Листата на филмови во потесниот избор за Оскар ќе биде објавена на 15 декември 2026 година, додека номинациите ќе бидат соопштени на 21 јануари 2027 година. Церемонијата на доделување на Оскарите е закажана за 14 март 2027 година во Лос Анџелес.
