Навремено вакцинирајте ги децата против морбили, апелираат здравствените власти
Здравствените власти апелираат до родителите навреме да ги вакцинираат децата против морбили. Опфатот со вакцинација е околу 62%, а дополнителен ризик се регистрираните случаи на морбили во соседните земји.

Министерот за здравство Сашо Клековски предупреди дека нискиот вакцинален опфат може да доведе до епидемија на морбили и апелираше родителите да не ја одложуваат имунизацијата на децата.
„Нашата цел е навремено да спречиме можна епидемија на морбили. Вакцините се најсигурната заштита од ова заразно заболување“, порача Клековски.
Здравствените власти посочуваат дека потребата од зголемување на опфатот е особено важна поради регистрираните случаи на морбили во соседните земји.
Во меѓувреме, епидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува. Досега се потврдени 53 случаи, а пет пациенти се лекуваат на интензивна нега.
