13-годишник се бори за живот

Малолетничко насилство со ножеви и безбол палки

01.09.2026 16:28

По тепачка во Чаир, 13-годишно момче во животна опасност со тешки повреди е хоспитализирано и оперирано. Полицијата ги обезбедила сите учесници, а истрагата треба да утврди кој го нанел ударот со нож. Министерот Тошковски порача дека малолетничкото насилство е еден од најсериозните предизвици за општеството.

13-годишно момче избодено со нож во срце и претепано, се бори за живот на интензивната клиника. Во ваква состојба е по тепачка во Чаир, во која учествувал, заедно со уште четворица кои биле вооружени со ножеви и безбол палки. Тројца биле малолетници, а две момчиња по 19 години.

По тепачката малолетникот бил пренесен во клинички и веднаш опериран. Уште двајца се повредени.

Полицијата ги обезбеди учесниците во тепачката. Беа на распит во станица. Според првичните информации, еден од малолетниците признал дека употребил нож. Истрагата треба да утврди дали токму со тој нож му биле нанесени тешките повреди на 13-годишното дете.

Малолетничкото насилство одамна го вклучи алармот во земјава. Според министерот Тошковски овој е еден од најужасните предизвици. Порача, како општество мора подлабоко да се навлезе и да има поширок институционален одговор од сите засегнати страни.

Наташа Гркова-Петрушевска