Македонија

Почнува проектот „Градски воз“ – Мицкоски и Николоски со воз од Зелениково до Скопје

02.09.2026 09:21

Проектот има за цел подобро поврзување на Скопје со околните населени места и обезбедување дополнителна можност за превоз на граѓаните кои секојдневно патуваат кон главниот град.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски денеска симболично ќе го означат почетокот на проектот „Градски воз“. Владиниот врв и претставници на железничкиот сектор ќе патуваат со воз од Зелениково до Новата железничка станица Скопје.

На патувањето ќе присуствуваат директорите на „МЖ Инфраструктура“ и „МЖ Транспорт“, Синиша Ивановски и Дејан Кошутиќ, како и градоначалниците на Скопје, Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.

Проектот има за цел подобро поврзување на Скопје со околните населени места и обезбедување дополнителна можност за превоз на граѓаните кои секојдневно патуваат кон главниот град.

Со воведувањето на градскиот железнички превоз се очекува железницата да стане поатрактивна алтернатива на патниот сообраќај, што би придонело за намалување на сообраќајниот метеж и оптовареноста на скопските улици.

Симболичното патување од Зелениково до Скопје треба да го означи почетокот на активностите поврзани со проектот „Градски воз“.