САД-Венецуела: Најава за нови нафтени договори
Тој најави дека договорите би можеле да доведат до повеќе од двојно зголемување на венецуелското производство на нафта во следните години.

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт пристигна во Венецуела, каде се очекува да објави повеќе договори за нафта и енергија. Тој најави дека договорите би можеле да доведат до повеќе од двојно зголемување на венецуелското производство на нафта во следните години.
„Само овие договори ќе доведат до повеќе од двојно зголемување на производството на нафта во Венецуела во следните неколку години“, изјави Крис Рајт, министер за енергетика на САД.
Венецуелскиот министер за одбрана Густаво Гонзалес Лопез го поддржа повеќемилијардниот договор со САД за развој на нафтените полиња. Тој оцени дека договорот ќе донесе странски инвестиции, нови работни места и поголемо производство.
„Овој договор носи просперитет и благосостојба за земјата. Тоа е одлука за економска соработка и мир, а не потчинување“, изјави Густаво Гонзалес Лопез, министер за одбрана на Венецуела.
Еден од договорите се очекува да вклучи нова инвестиција на американскиот нафтен гигант „Шеврон“, откако Вашингтон најави долгорочен договор за учество во 17 венецуелски нафтени полиња со резерви од 65 милијарди барели.
