Силен тест за Барселона, Баерн, Челзи...
Големата фудбалска претстава денеска продолжува. Ќе се играат првите осум натпревари од второто коло од Лигата на фудбалските шампиони. Не е тешко да се процени каде најсилно ќе биде фокусирано вниманието на јавноста.

Големата фудбалска претстава денеска продолжува. Ќе се играат првите осум натпревари од второто коло од Лигата на фудбалските шампиони. Не е тешко да се процени каде најсилно ќе биде фокусирано вниманието на јавноста.
Неколку состави од најтесниот круг на фаворитите се пред силен играчки тест. Баерн од Минхен ќе е првиот од тоа друштво, кој уште во 18 часот ќе влезе во искушението на „Лужники“ во Москва, против рускиот ЦСКА. Жестината на истата „Е’ група само ќе ја засили дуелот меѓу Манчестер Сити и Рома.
„Паркот на принцовите“ во Париз е подготвен за спектакл. ПСЖ ја пречекува Барселона. Ибрахимовиќ, Кавани , Давид Луиз против Меси, Неимар и останатото друштво од „Ноу камп“.
Експедицијата на Челзи се истовари во Лисабон. Жозе Мурињо е дома, на свое тло ќе го предводи Челзи против Спортинг,португалскиот трет по квалитет состав.
Не очекува возбудлива фудбалска вечер!
„Е“ група:
18.00 ЦСКА-Баерн
20.45 Манчестер С.-Рома
Табела:
1.Рома 3
2.Баерн 3
3.Манчестер С. 0
4.ЦСКА 0
„Ф“ група:
20.45 ПСЖ-Барселона
20.45 Апоел-Ајакс
Табела:
1.Барселона 3
2.ПСЖ 1
3.Ајакс 1
4.Апоел 0
„Г“ фрупа:
20.45 Спортинг-Челзи
20.45 Шалке-Марибор
Табела:
1.Челзи 1
2.Шалке 1
3.Марибор 1
4.Спортинг 1
„Х“ група:
20.45 Бате Борисов-Атлетик Билбао
20.45 Шахтјор-Порто
Табела:
1.Порто 3
2.Шахтјор 1
3.Атлетик Билбао 1
4.Бате Борисов 0
