Киев: Се затвора небото над Русија, Москва реагира
Зеленски предупреди дека рускиот воздушен простор „де факто ќе биде затворен“ поради зголемениот ризик од украински дронови. Тој ги повика авиокомпаниите и осигурителите да го земат предвид ризикот...

Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека рускиот воздушен простор де факто ќе биде затворен поради зголемениот ризик од украински дронови. Тој ги повика авиокомпаниите и осигурителите да го земат предвид ризикот.
„Превозниците што летаат до Москва, Санкт Петербург или други големи центри мора да го земат предвид ризикот од беспилотни летала. Руското небо де факто ќе биде затворено“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Путин го обвини Киев за „државен тероризам“, нагласувајќи дека Украина бара продолжување на преговорите, но дека „со терористи не се преговара“. Тој најави одговор на украинските напади.
„Тие ги напаѓаат нашите – ќе добијат одговор. Руските вооружени сили ќе започнат масовни напади врз украинските енергетски објекти“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Во меѓувреме, Германија ја обвини Русија за неуспешниот напад со дрон со експлозив на аеродромот Лајпциг/Хале на 4 август и, како одговор, најави затворање на две руски претставништва.
„Располагаме со показатели за руска вмешаност. Случајот се вклопува во познатиот образец на руски хибридни активности“, изјави Александар Добриндт, министер за внатрешни работи на Германија.
Москва ги отфрли обвинувањата и најави одговор. Во меѓувреме, борбите продолжуваат, а Москва ги засилува воздушните напади врз Киев.
