Блиски Исток

САД и Иран повторно влегоа во вооружен судир

02.09.2026 10:04

Техеран соопшти дека во еден од ударите врз јужен Иран за време на свадба, загинале четири лица, меѓу кои и едно дете, а над 50 се повредени...

САД и Иран повторно влегоа во вооружен судир. Иран возврати со балистички ракети врз американски бази во Ирак и Јордан, откако Вашингтон изврши нови напади врз цели на Иран. Техеран соопшти дека во еден од ударите врз јужен Иран за време на свадба, загинале четири лица, меѓу кои и едно дете, а над 50 се повредени.

Вашингтон тврди дека погодил цели на Иранската револуционерна гарда, вклучително радари, системи за воздушна одбрана и поморски објекти. Новата ескалација следува по предупредувањето на Трамп дека Иран ќе биде погоден „многу посилно и на повисоко ниво“ доколку возврати.

Техеран најави „разорни последици“, додека Јордан соопшти дека пресретнал 13 ирански ракети. Напади пријавија и Кувајт и Бахреин.