Атанас Ботев со изложба „Спасување на сведоштвото“ во Хрватска
Со новите дела, авторот го продлабочува концептот, поигрувајќи се со сликарските и графичките елементи и доведувајќи ги облиците до границата на апстракцијата.

Македонскиот уметник Атанас Ботев на 4 септември во Галеријата „Фонтикус“ во Грожњан, Хрватска, ќе ја претстави изложбата „Спасување на сведоштвото“, која се надоврзува на неговиот проект „Град“, започнат во 2012 година.
Проектот „Град“ настанал како протестна реакција на уривањето на пероните на старата железничка станица во Скопје. Ботев тогаш го документирал настанот преку фотографии од урнатините, кои подоцна ги ликовно преобликувал во серија цртежи, првпат изложени во „Мала станица“ во 2014 година.
Со новите дела, авторот го продлабочува концептот, поигрувајќи се со сликарските и графичките елементи и доведувајќи ги облиците до границата на апстракцијата.
Изложбата ќе биде отворена на 4 септември во 20 часот.
Атанас Ботев е роден во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1997 година, а магистрирал во 1999 година. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и во странство.
