Претседателот Иванов го свика Советот за безбедност
30.09.2014 12:08
Засега од Кабинетот на претседателот нема официјална најава за темите на состанокот...

Претседателот Ѓорге Иванов го свика Советот за безбедност. Прва седница по неговиот реизбор за шеф на државата и по вонредните парламентарни избори ќе се одржи денеска во Вила Водно.
Засега од Кабинетот на претседателот нема официјална најава за темите на состанокот.
Во Советот за безбедност, покрај претседателот се спикерот Вељаноски, премиерот Груевски, министрите за одбрана, за надворешни и за внатрешни работи и тројца надворешни членови Вели Креци, Флора Кадриу и Насер Сејдини.
