Култура

Изложба по повод 15 години од Музеј на македонската борба за самостојност

03.09.2026 09:16

Во рамки на програмата ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали од досегашните активности на музејот, со осврт на неговата изложбена, издавачка и програмска дејност.

Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност вечерва ќе одбележи 15 години од основањето со ретроспективна изложба на плакати од досегашните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози.

Во рамки на програмата ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали од досегашните активности на музејот, со осврт на неговата изложбена, издавачка и програмска дејност.

„Јубилејот е потсетник на изминатите 15 години, вклучувајќи ги изложбите, проектите и соработките што ја одбележаа работата на музејот“, стои во соопштението.

На свеченоста ќе бидат доделени и благодарници на лица и институции кои во изминатиот период ја помогнале и поддржале работата на музејот.

 

Фото: Музеј на македонската борба за самостојност