МВР

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана – приведени три лица

02.09.2026 13:03

Три лица се лишени од слобода во Радовиш откако полицијата при претрес во домот на 28-годишен жител пронашла марихуана.

Од МВР информираат дека вчера во 15:45 часот полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Х.А. (28) од Радовиш, Д.П. (22) од село Злеово и Ј.П. (26) од село Подареш.

При претресот, извршен со судска наредба во домот на Х.А., била пронајдена марихуана. Во службен разговор тој изјавил дека дрогата претходно во неговиот дом ја однеле Д.П. и Ј.П.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.