Албанија

Судири меѓу демонстрантите и полицијата на антивладините протести во Тирана

02.09.2026 14:16

Приведени се 11 лица, а премиерот Еди Рама, кој два часа бил блокиран во кабинетот, ја напуштил зградата под засилено полициско обезбедување...

Судири меѓу демонстрантите и полицијата на антивладините протести во Тирана, по обидот на толпата да се приближи до зградата на Владата.

Полицијата интервенирала откако преку разглас повеќепати ги предупредила демонстрантите да се оддалечат. Приведени се 11 лица, а премиерот Еди Рама, кој два часа бил блокиран во кабинетот, ја напуштил зградата под засилено полициско обезбедување.

Ова е 94-ти последователен протест, а демонстрантите бараат оставка од Рама и формирање преодна влада.