Оваа лебарка еден ден би можела да ви го спаси животот
Истражувачите во Австралија развија киборг-лебарки опремени со минијатурни камери и медицински инјектори, со цел да учествуваат во операциите за пребарување и спасување во подрачјата погодени од катастрофи.

Во студијата спроведена во партнерство меѓу инженерите од Универзитетот во Квинсленд и Универзитетот Нов Јужен Велс, целта е да се достави итна помош во тесни простори, како што се урнати згради или пештери, каде што тимовите за спасување не можат да влезат.
Во истражувањето, во кое е користен видот џиновска копачка лебарка (Macropanesthia rhinoceros) карактеристична за Австралија, на инсектите им биле интегрирани лесна електронска опрема, камери и системи за автоматско инјектирање што можат далечински да се активираат.
Инженерот за биороботика од Универзитетот во Квинсленд, Танг Во-Доан, изјави дека со оваа студија киборг-инсектите надминуваат да бидат само подвижен сензор и се трансформираат во возило за прва помош. Во-Доан истакна дека критичните медицински одлуки ќе останат целосно под човечка контрола.
Во тестовите за потврда на концептот, објавено е дека киборг-инсектите постигнале 95 проценти успешност при инјектирање од блиска оддалеченост, додека стапката на завршување на целата мисија, која вклучува навигација и процесот на инјектирање, изнесувала 72 проценти.
Наведено е дека инсектите, кои биле анестезирани за време на поставувањето на електронската опрема и микрочиповите, по отстранувањето на системите можеле да го продолжат својот нормален животен век.
Истакнувајќи дека оваа технологија може да стане важна алатка во областите каде што тимовите за спасување не можат да пристапат, експертите предвидуваат дека за 5 до 10 години флоти од киборг-инсекти би можеле да делуваат на терен во реални ситуации на катастрофи.
